Кевин Спејси ослободен од обвинувањата за сексуално злоставување

Фото: Peter Cziborra/Reuters

Кевин Спејси е ослободен од сите обвиненија за сексуално злоставување на четворица мажи, јавува Би-Би-Си.

Тој беше прогласен за невин за девет сексуални престапи врз четворица мажи во периодот од 2004 до 2013 година. Пресудата ја донесе поротата составена од 12 члена. Судијата Марк Вол ги пофали адвокатите во случајот и рече: „Обвинетиот може да биде ослободен“. Поротниците ја донесоа пресудата по 12 часа и 26 минути расправа.

Странските медиуми пишуваат дека актерот бил многу емотивен, а очите му се насолзиле кога судијата прочитал дека е ослободен. По излегувањето од судот, Спејси изјави дека е благодарен на својот тим и не сака да одговара на прашања од печатот.

Спејси претходно ги негираше обвиненијата за злосторства наводно извршени против четворица мажи. Во јануари, актерот се изјасни за невин по три точки од обвинението за непристоен напад, три точки за сексуален напад и една точка за поттикнување на лице на сексуална активност без согласност.

Двократниот добитник на Оскар претходно негираше четири обвиненија за сексуален напад и едно обвинение за поттикнување на лице да се вклучи во пенетративна сексуална активност без согласност.

Тој тврдеше дека обвинувањата против него се „луди“, „апсолутни срања“ и „нож во грб“, како и дека мажите биле финансиски мотивирани и дека една жртва барала само пари.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни