Во неговото гостување во емисијата „Пирс Морган без цензура“, актерот Кевин Спејси заплака и откри дека нема веќе постојан дом и пари, бидејќи должи милиони долари поради судењето за сексуално злоставување.
„Интересно е што ми го поставувате тоа прашање бидејќи оваа недела, местото каде што живеев во Балтимор ми е одземено. Мојата куќа се продава на аукција, па морам да се вратам во Балтимор и да го преместам моите работи во склад. Одговорот на прашањето е дека не сум сигурен каде ќе живеем. Но, јас сум во Балтимор откако почнавме да ја снимаме „Куќа од карти“. Се преселив таму во 2012 година. Оваа куќа е мој дом од 2015 година. Не можам да ги платам сметките за моите долгови“ рече Спејси.
Популарниот глумец не можеше да ги задржи солзите кога беше прашан дали ќе прогласи банкрот.
„Неколку пати мислев дека ќе прогласам банкрот, но успевав тоа да го избегнам, барем засега“ рече Спејси.
Тој исто така кажа дека нема пари и дека должи неколку милиони долари.
Наводите за сексуалните напади на Спејси и неговото непристојно однесување прв пат се појавија по движењето #MeToo во 2017 година по што започнаа неколку судски спрови против Спејси. Поротата во Њујорк во 2022 година заклучи дека тој не го злоставувал актерот Ентони Рап, кој го обвини за сексуален напад на почетокот на 80тите, кога Рап имал само 14 години.
Следната година, судот во Велка Британија го ослободи Спејси од обвиненијата за девет напади, кои биле поднесени од четири личности. Во вода паднаа уште неколку обвинувања, а славниот актер цело време ги негираше наводите против него.