Актерката Кетрин Зета Џонс, за промоцијата на новата сезона од серијата за Венздеј Адамс, за да го долови што е можно повеќе макабрениот стил кој владее во серијата избра готски стил.
Кетрин ја редефинираше Мортиша Адамс со својата глума, а на промоцијата, ја донесе суштината на својот лик , која ја збогати со силна доза на личен, несомнено секси гламур.
Кетрин се појави во мал црн фустан со чипкана ролка, нагласен со суптилни ѕвончести манжетни. Овој фустан беше совршен спој на викторијанската готика и естетиката на девојка подготвена за клуб и забава до зори.
Фустанот, со густа цветна чипка и висок, затворен крој, создаде атмосфера на мистерија, но мини должината беше директна и бескомпромисна порака, за тоа како се носи црн мини фустан над педесет години.
Фустанот ги откри беспрекорните нозе на актерката, стилизирани во проѕирни црни хулахопки, потег што веднаш го трансформира стилот, давајќи му винтиџ гламур.
Целиот изглед Кетрин го заокружи со зашилени сатенски чевли, класичен избор што никогаш никого не изневерува. Бујната и луксузно стилизирана коса, во лабави бранови, паѓаше преку нејзините рамена.
Додека позираше со колегите Луис Гузман и Џена Ортега, Кетрин покажа дека енергијата на Мортиша Адамс не е присутна само на екранот туку и на промоцијата.
Што се однесува до шминката, нежниот кармин и руменилото создадоа софистициран, но младешки изглед, нагласен со продорен поглед, врамен со меки вештачки трепки кои ги отворија нејзините големи кафени очи.

Ова беше лекција за стилизирање за тоа како да се носи црна чипка по 50-тата година, со нула инхибиции и максимална самодоверба.
Кетрин Зета Џонс не ги следи трендовите, таа ги диктира, користејќи ја својата гардероба како моќна алатка што ја слави формата и стилот во секоја возраст.
Лекцијата од Кетрин Зета Џонс е едноставна, и порачува дека фактот доколку имате над педесет години не значи дека треба да ги фрлите мини фустаните и здолништата и да се откажете од нивно носење за формални и други пригоди.
Продолжете да ги носите и ширете софистицираност во воздухот. Најважно е да се чувствувате добро во тоа што го носите.
