Келог: Нападот врз руски бомбардери ја зголемува опасноста од ескалација

Украинскиот напад врз руски стратешки бомбардери ја зголемува опасноста од ескалација

Украинскиот напад врз руски стратешки бомбардери за време на викендот ја зголемува опасноста од погрешна проценка и ескалација, изјави американскиот специјален пратеник за Украина, Кит Келог.

„Нивото на ризик значително се зголемува“, изјави Келог за телевизијата Fox News.

„Кога напаѓате дел од националниот систем за преживување на противникот, односно неговата нуклеарна тријада, тогаш ризикот расте, затоа што не знаете како ќе реагира другата страна, додаде тој.

Киев ја презеде одговорноста за координирани напади со дронови врз неколку руски воздушни бази длабоко во територијата на Русија, при што, според украински извори, биле уништени или оштетени неколку стратешки бомбардери – авиони кои можат да носат нуклеарно оружје и да изведуваат напади врз Украина.

Нуклеарната тријада се состои од воздушни, копнени и поморски системи што ѝ овозможуваат на една држава да изведе нуклеарен напад.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни