Каја Калас: Територијални отстапки на Украина се стапица од Путин

Високата претставничка на ЕУ, Каја Калас, предупредува дека притисокот врз Украина за територијални отстапки е „стапица на Путин“. Таа повикува на единство во одбраната на украинскиот територијален интегритет.

Не треба да се врши притисок врз Украина да се откаже од своја територија во корист на Русија како дел од можен мировен договор, изјави Каја Калас, висока претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешна и безбедносна политика.

„Ако ѝ дозволиме на Русија да ги задржи деловите од украинската територија, ќе паднеме во стапицата на (рускиот претседател) Владимир Путин“, рече Калас во интервју за BBC.

Прва реакција од ЕУ по состанокот во Вашингтон

Ова е првпат висок европски дипломат да се изјасни по неодамнешниот состанок на неколку европски лидери и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон.

Трамп тогаш најави можно одржување на средба меѓу украинскиот и рускиот лидер – Владимир Зеленски и Владимир Путин – но не откри детали. Пред најавената средба со Путин на Алјаска, тој изјави дека би можело да се разговара и за „размена на територии“.

Без потврда од Кремљ

Засега, Кремљ нема потврдено никакви информации за евентуална размена на територии или за нова дипломатска иницијатива.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни