Шиповиќ ги надмина временските препреки и успешно ја заврши тешката маршрута. Трката „Спартатлон“ има историска важност и се одвива на релација од 246 километри, од Атина до Спарта. Учесниците имаат рок од 36 часа да ја завршат рутата, која бара исклучителна физичка и ментална подготвеност.
Оваа елитна трка привлекува само најдобрите ултра-маратонци, а учеството е возможно само за оние кои веќе имаат забележителни резултати на претходни натпревари.
Шиповиќ, која е дел од АК Аеродром Скопје беше единствена претставничка од Македонија.