Катерина Шиповиќ го заврши ултрамаратонот „Спартатлон“ на 22 место

Единствената македонска претставничка на ултрамаратонот „Спартатлон“, Катерина Шиповиќ, денеска во Атина го освои 22. место во женска конкуренција, оставајќи 62 светски ултрамаратонки зад себе.

Шиповиќ ги надмина временските препреки и успешно ја заврши тешката маршрута. Трката „Спартатлон“ има историска важност и се одвива на релација од 246 километри, од Атина до Спарта. Учесниците имаат рок од 36 часа да ја завршат рутата, која бара исклучителна физичка и ментална подготвеност.

Оваа елитна трка привлекува само најдобрите ултра-маратонци, а учеството е возможно само за оние кои веќе имаат забележителни резултати на претходни натпревари.

Шиповиќ, која е дел од АК Аеродром Скопје беше единствена претставничка од Македонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни