Катастрофални поплави ја погодија Австралија: Евакуации во Сиднеј, има жртви ВИДЕО

Екипите за итни случаи реагираа на повеќе од 1.700 инциденти низ Нов Јужен Велс по обилни дождови што паднаа вчера,

Властите во Австралија соопштија дека 20 лица се спасени од поплавните води во источната држава Нов Јужен Велс, додека една жена загина откако гранка од дрво падна врз неа за време на бурата.

Во главниот град на државата, Сиднеј, кој е најголемиот град во Австралија, жителите и туристите беа евакуирани доцна синоќа кога поплавите го погодија ниското предградие Нарабин, а нивото на предупредување за поплави во областа беше намалено утрово, објави Ројтерс.

Екипите за итни случаи реагираа на повеќе од 1.700 инциденти низ Нов Јужен Велс по обилни дождови што паднаа вчера, при што поголемиот дел од спасувањата вклучуваа луѓе кои возеа низ погодените области од поплавите.

Утрово на севаерните периферии на Сиднеј за два часа паднаа околу 72,4 милиметри дожд, соопшти Националната метеоролошка служба.

Австралиската радиодифузна корпорација соопшти дека една жена загинала вчера откако гранка од дрво падна врз неа за време на бурата во близина на Волонгонг, околу 66 километри јужно од Сиднеј.

Властите предупредија дека се можни понатамошни бури јужно од Сиднеј во недела.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни