Каролина со нова песна и видео спот: „Mog Života Dio“

Македонската музичка дива Каролина Гочева го претстави својот најнов проект – емотивната балада „Mog Života Dio“, која веќе го освојува регионалниот музички пазар. Песната е проследена со внимателно изработен видео спот, кој дополнително ја истакнува нежната атмосфера на композицијата.

Автор на музиката и текстот е Дино Мухаремовиќ, кој стои и зад претходниот сингл на Каролина, популарната „Дај на сунце“. Аранжманот е дело на Дино Шукало, познат сараевски музичар и долгогодишен соработник на Каролина, со кој снимала и во неговото студио Модра Риека во Сараево.

Видео спотот, снимен во топла, визуелно впечатлива атмосфера, го потпишува режисерот Миомир Милиќ, а за стилот и визуелниот изглед на Каролина се погрижи тим од врвни професионалци:

  • Стилист: Јована Зука
  • Облека: Јована Филиповиќ
  • Коса: Октај Сејди
  • Шминка: Дадар

Погледнете го спотот за „Mog Života Dio“ на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=FkO2uBzZZ1c

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни