Карлсен на аукција ги продаде фармерките за кои беше казнет на Светското првенство

Поранешниот светски шампион во шах, Норвежанецот Магнус Карлсен, на eBay ги продаде своите фармерки, со кои му беше забрането да се натпреварува на Светското првенство во брз шах во декември, за 36.100 долари, а приходите одат за добротворната организација Big Brothers, Big Sisters, која поддржува деца и млади луѓе.
Фото: Lennart Ootes, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Карлсен на претпоследниот ден од Светското првенство дојде облечен во фармерки и го одигра седмото и осмото коло, за што Светската шаховска федерација (ФИДЕ) го предупреди дека го прекршува кодексот на облекување и го казни со 200 долари. Тој им рекол дека нема да дојде во финалето во фармерки, но ФИДЕ побарала да се пресоблече непосредно пред деветтото коло, што тој одбил.

Набргу потоа објави дека се повлекува од Светското првенство и дека нема да ја брани титулата ниту во блиц шах.

„Тие можат да ги спроведуваат сопствените правила, добро, а мојот одговор е: ‘Во ред, се откажувам. Ебете се’“, рече тој во едно интервју.

Карлсен е највисоко рангиран светски играч во класичен шах од 2011 година и ја држеше титулата светски шампион од 2013 до 2023 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни