Бидејќи неговата битка со ракот продолжува во 2025 година, откако му беше дијагностицирана минатата година, Чарлс се чини дека се свртел кон медицинскиот канабис.
Имајќи предвид дека некои истражувачи веруваат дека медицинскиот канабис може да ги уништи или забави клетките на ракот без да им наштети на здравите клетки, овој чекор не е неочекуван за 76-годишникот.
„Чарлс ги пробува сите лекови, а сега некои што не ги пробал досега. Дијагнозата на ракот длабоко го потресе и верува дека нема штета да проба нешто експериментално. Отсекогаш поддржувал хомеопатски лекови и верува дека нема ризик во тестирањето на канабисот. Ги проучувал сите студии за неговите придобивки“, рече изворот.
Да потсетиме дека на британскиот крал Чарлс Трети на почетокот на минатата година му беше дијагностициран рак на простата.
Дијагностициран му е при процедура поради зголемена простата.