Карлос Сајнц е новиот директор на Здружението на возачи на Гран при

Сајнц е избран на функцијата со гласање. На оваа позиција тој ќе го замени Себастијан Фетел, кој ја заврши кариерата и повеќе не е активно вклучен во Формула 1 трките.

Здружението на возачи на Гран при е организација која ги застапува интересите на возачите во преговорите за различни прашања со ФИА и Формула 1. 

Првично Здружението беше основано во 1961 година, а потоа, по одреден прекин, се активира во 1994 година во светлината на смртта на Аиртон Сена и Роланд Раценбергер.

Претседател на Здружението на возачи на Гран при е поранешниот Формула 1 возач Алекс Вурц, позиција на која се наоѓа од 2014 година. Покрај Сајнц, од актуелните возачи еден од директорите е и Џорџ Расел членот на Мерцедес.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни