Според кардиологот д-р Баскар Семита, одредени видови бобинки и агруми помагаат во чистењето на крвните садови од масните наслаги, како што се холестеролот и триглицеридите.
Тие се особено богати со антиоксиданси кои помагаат во заштитата на артериите од оксидативен стрес и воспаление.

„Оксидативниот стрес е еден од клучните фактори за формирање на наслаги во артериите“, вели кардиологот за „She Finds“. Вклучувањето на боровинки и други бобинки во вашата исхрана може да помогне да се намали тој стрес, а со тоа да се подобри здравјето на срцето.
Важно е да се запамети дека за одржување на здравјето на срцето, покрај урамнотежена исхрана, потребни се и промени во животниот стил, како што се редовно вежбање, намалување на стресот и избегнување на штетни навики, како што е пушењето.

Цитрусните овошја, како што се портокалите и лимоните, се богати со витамин Ц, кој ги штити клетките од оштетување.
„Витаминот Ц игра клучна улога во спречувањето на формирање на наслаги на крвните садови“, објаснува кардиологот. Редовното консумирање портокали, грејпфрути, лимони може да помогне да се зачува здравјето на артериите.