Капитенот на Манчестер Сити, Кајл Вокер го известил клубот дека сака да си замине во тековниот преоден рок.
Ова го откри менаџерот на тимот, Пеп Гвардиола, по убедливата победа од 8-0 над Салфорд, која ја промаши десниот бек.
-Пред два дена Кајл побара да се разгледаат неговите опции да игра во странство на крајот од кариерата. Тој е наш десен бек и ни дава нешто што го немавме, но сега во неговите мисли тој би сакал да ја истражи можноста да замине во друга земја за да ги одигра последните години. Затоа повеќе сакам да играм со играчи чии мисли се тука. Отиде кај Чики Бегиристајн. Тој побара да се истражат можностите, но тоа не значи дека ќе се случи бидејќи никогаш не се знае како ќе се развива ситуацијата.Тој исто така побара да си замине пред две години по тројната круна. Баерн Минхен го сакаше, но понудата не беше доволно добра и клубот му кажа колку е важен за нас. Немаше да го имаме успехот што го имавме во последните години без Кајл, тоа е невозможно, прокоментира Гвардиола.