Канаѓаните ја исвиркуваат американската химна на спортски натпревари

Канадските кошаркарски фанови ја исвиркаа американската химна на натпревар во НБА, откако Доналд Трамп воведе царина од 25 отсто на увозот од Канада во САД.

Фановите на Торонто Раптрос ја исвиркаа американската химна пред натпреварот, пред да ја поздрават канадската химна.

Тие го продолжија трендот минатата ноќ, откако избија слични реакции кога американската химна беше интонирана на натпреварите на Националната хокеарска лига (НХЛ) во саботата.

https://twitter.com/harryjsisson/status/1886173546969268511

Исвиркувањето на химната доаѓа откако американскиот претседател предизвика трговска војна со воведување царини на Канада, Мексико и Кина – трите најголеми трговски партнери на Америка.

По натпреварот во Торонто синоќа, напаѓачот на Репторс, Крис Баучер, канадски државјанин, беше прашан дали некогаш доживеал нешто како исвиркување на химната.

https://twitter.com/MadelnCanada/status/1885868165701206331

„Не, не, не“, рече тој. „Но, дали некогаш сте виделе да бидеме оданочувани така?“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни