Канаѓаните ги бојкотираат патувањата во САД поради Трамп, пензионерите ги продаваат куќите на Флорида

За Кристи Гемон од Нова Шкотска, патувањата во САД некогаш беа дел од традицијата. На секои две години одеше на скијање во Лејк Плецид или на бејзбол натпревари во Балтимор.
epa12300374 Travellers at an Air Canada check-in area at Montreal-Trudeau International Airport, in Montreal, Quebec, Canada, 14 August 2025. Air Canada is facing a near-total shutdown, as the union plans to strike after talks with flight attendants broke down over pay and unpaid work. EPA/GRAHAM HUGHES

Но таа навика ја прекина. Оваа година дури избегнала и кратко транзитно патување низ САД на пат кон Онтарио, одлучувајќи се за 18-часовнo возење низ Канада. Нејзината одлука не е изолиран случај – сè повеќе Канаѓани го бојкотираат патувањето кај јужниот сосед, пренесува BBC.

Политичко незадоволство и пад на патувањата

Гемон, која има 62 години, вели дека таа и мнозинството од нејзините пријатели престанале да ги посетуваат САД како вид протест против политиките на администрацијата на претседателот Доналд Трамп и трговските мерки насочени против Канада. „Има толку многу работи што нè згрозуваат – од меѓународниот настап на администрацијата, до односот кон сопственото население и сојузниците како што е Канада“, изјавила таа.

Трендот бележи стабилен раст веќе десет месеци. Во октомври, бројот на канадски патници во САД повторно паднал – авионските патувања се намалиле за речиси 24%, а патувањата со автомобил за повеќе од 30% во споредба со истиот период лани, според канадската статистичка служба.

Американската туристичка асоцијација потврдува дека меѓународната туристичка потрошувачка во САД е намалена за 3,2%, најмногу поради падот на посетителите од Канада. Напнатите односи меѓу двете земји се резултат на новите царини воведени од Трамп – Канада моментално се соочува со давачки од 35% и дополнителни удари врз клучните индустрии, како што се автомобилската и челичната.

Дел од јавноста дополнително ја разгневиле и изјавите на Трамп дека ќе ја направи Канада „51. држава“, што предизвика бурни реакции.

Американските градови се обидуваат да ги привлечат назад туристите

Соочени со намалени приходи, некои популарни американски туристички центри се обидуваат да им се додворуваат на Канаѓаните. Во Калиспел, Монтана – дом на Националниот парк Глејшер – локалните власти нудат „Canadian Welcome Pass“, со попусти за посетителите што ја преминуваат границата.

„Последните неколку месеци нашите земји минуваа низ турбуленции. Но едно знаеме: недостигате“, стои на нивната веб-страница. Американската туристичка индустрија се надева дека големите настани што следат – Светското првенство во фудбал 2026 и Олимписките игри во Лос Анџелес 2028 – ќе привлечат нови посетители и ќе го амортизираат падот на канадските туристи.

Во меѓувреме, туризмот во Канада процвета. Поради останувањето дома, Канаѓаните од мај до август 2025 година потрошиле рекордни 59 милијарди канадски долари, што е раст од 6% во однос на лани.

Пензионерите ги продаваат куќите на Флорида

Особено е погодена групата позната како „snowbirds“ – пензионери кои традиционално ги поминуваат зимите во потоплите делови на САД, особено на Флорида. Истражувањата покажуваат дека само 10% од нив планираат патување во САД оваа година, што претставува пад од 66% во споредба со минатата година.

Гемон потврдува дека некои нејзини пријатели дури ги продале своите зимски домови на Флорида. „Целосно ги променија плановите за ‘snowbird’ патувањата“, вели оваа полупензионирана матична лекарка. „Се чувствува промена.“

Иако ѝ недостигаат патувањата во САД, таа планира да продолжи со бојкотот додека трае мандатот на Трамп. „Кој знае што може да се случи во тие години“, изјавила. „Но ќе треба да има навистина значајни промени за ние лично да го смениме својот став.“

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни