Фановите на Торонто Раптрос ја исвиркаа американската химна пред натпреварот, пред да ја поздрават канадската химна.
Тие го продолжија трендот минатата ноќ, откако избија слични реакции кога американската химна беше интонирана на натпреварите на Националната хокеарска лига (НХЛ) во саботата.
Исвиркувањето на химната доаѓа откако американскиот претседател предизвика трговска војна со воведување царини на Канада, Мексико и Кина – трите најголеми трговски партнери на Америка.
По натпреварот во Торонто синоќа, напаѓачот на Репторс, Крис Баучер, канадски државјанин, беше прашан дали некогаш доживеал нешто како исвиркување на химната.
„Не, не, не“, рече тој. „Но, дали некогаш сте виделе да бидеме оданочувани така?“