Канаѓанецот Фил Ким најдобар брејкденсер во машка конкуренција на Олимписките игри

Фото: X/@BenSteiner00

Канадскиот олимпиец Фил „Визард“ Ким го освои златниот медал во машка конкуренција во брејкденс на Олимписките игри во Париз.

27-годишниот брејкденсер од Ванкувер, кој настапува под името B-Boy Phil Wizard е првиот, и според најавите, последниот олимписки шампион во брејкденс засега.

Ким во финалето го победи Французинот Данис Сивил (Дани Дан) со 3:0.

Брозната му припадна на актуелниот светски шампион, Виктор, од САД, кој во борбата за третото место го победи Шигекикс од Јапонија со 3:0.

Ова беа првите Олимписки игри каде што брејкденост беше официјален олимписки спорт, а според најавите за следното појавување на ОИ, брејкденсот ќе мора да почека, бидејќи не се најде на листата на избрани спортови за ЛОИ 2028 во Лос Анџелес.

Вчера на подиумот настапуваа девојките, каде што златото го однесе Јапонката Ами Јуаса, која во финалето ја победи Литванката, Доминика Баневич.

На ЛОИ, натпреварувачите беа оценувани од панел од девет судии, брејкденсери од целиот свет, според Тривиум системот за оценување. Тие се оценуваа за нивната техника, вокабулар, изведба, музикалност и оригиналност. Секој од аспектите беше еднакво застапен во конечниот резултат.

Брејкденсот се оценува квалитативно, поради неговите корени како уметничка форма, а судиите користат лизгачка скала за секоја рунда и битка, приспособувајќи ја скалата кон брејкденсерот кој победува во секоја од наведените категории на оценување.

Предизвикот за организаторите беше да ги донесат брејк и хип-хоп култура до масовна публика, вклучително и многу гледачи кои беа скептични за додавањето на танцовата форма во олимпискиот список. Но по одличните битки кои ги гледавме во Париз, нема сомнеж за атлетските способности и физичката способност на натпреварувачите.

Вкупно 33 натпреварувачи, претставувајќи 15 земји и Олимпискиот тим на бегалци направија историја на Олимписките игри во Париз. 

Најново

Последни колумни