Калифорнија им забрани на работодавачите да дискриминираат работници кои користат марихуана

Два нови закона стапија на сила во Калифорнија со новата година кои ги заштитуваат работниците кои консумираат марихуана. Првиот закон им забранува на работодавачите да дискриминираат при вработување работници кои претходно користеле марихуана, додека вториот предвидува дека може да се користат само тестови со кои се проверува дали непосредно пред тестот е користена дрога, а не неколку месеци претходно.

На овој начин ќе се избегнува позитивен тест за работници кои можеби користеле дрога, но неколку месеци не консумирале.

Со ваквите законски измени се заштитува легалното користење на дроги дома, но не се забранува казнувањето на работниците за користење на дрога на работното место, што продолжува да биде забрането.

Сега работодавачите нема да може да ги дискриминираат работниците, кои надвор од работно време, легално консумираат марихуана со тестови кои покажуваат присуство на непсихоактивни метаболити на канабис во нивната коса, крв, урина или други телесни течности.

Во Калифорнија користењето на марихуана за рекреативна употреба е легално за лицата над 21 година. Лица под 18 години кои се фатени како користат марихуана треба да поминат задолжителна едукација, консултација или да отслужат општо-корисна работа, додека лицата помеѓу 18 и 21 година се казнуваат со парична казна до 100 долари.

Исто така постои и лимит за тоа колку марихуана може да имате во вас. Во Калифорнија се казнува доколку имате повеќе од 28,5 грама марихуана во вас, а исто така е забрането и да продавате марихуана без лиценца.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни