Каја Калас: Каков било договор меѓу САД и Русија мора да ги вклучи Украина и ЕУ

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, денеска изјави дека секој договор меѓу Вашингтон и Москва во контекст на војната во Украина мора да ги вклучи Киев и Европската унија.

Калас додаде дека ќе свика состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ в понеделник за „да се разговара за следните настани“.

„САД имаат моќ да ја принудат Русија сериозно да преговара. Секој договор меѓу САД и Русија мора да ги вклучи Украина и ЕУ, бидејќи станува збор за прашање на безбедност за Украина и цела Европа“, рече Калас. 

Американскиот претседател Доналд Трамп планира да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска в петок.

Калас рече дека „додека работиме кон одржлив и праведен мир, меѓународното право е јасно: сите привремено окупирани територии и припаѓаат на Украина“.

„Договорот не смее да обезбеди појдовна точка за понатамошна руска агресија против Украина, трансатлантската алијанса и Европа“, додаде таа.

Калас, исто така, рече дека министрите ќе разговараат за ситуацијата во Газа. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни