Европската Унија почнала сериозно да ја зема предвид непредвидливоста на САД, изјави високата претставничка за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, една година по враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа.
„Секако дека сме сојузници со САД, но навистина не ги разбираме нивните неодамнешни потези“, изјави Калас.
Таа нагласи дека во ЕУ веќе постои свест дека треба да се смета на непредвидливост во американската политика.
„Сега сме многу помирни, бидејќи постојано очекуваме да се случат непредвидливи работи и, прифаќајќи го тоа, остануваме фокусирани“, додаде Калас во изјава за Ројтерс.
Во контекст на растечките тензии на Блискиот Исток, Калас истакна дека е неопходно да се најде дипломатско решение за повторно отворање на Ормутскиот теснец.
„Никој не сака да ги доведе своите луѓе во опасност во Ормутскиот теснец. Мораме да најдеме дипломатски начин тој да остане отворен, за да се избегне криза со храна, ѓубрива и енергенси“, изјави таа.