Какво време не очекува до крај на месецот: Tоплото време ќе го стопи снегот

Ќе имаме многу постабилно време со натпросечно високи температури на воздухот, и тие ќе бидат повисоки од просечните за овој период од годината за 3 до 6 степени

Во текот на следната седмица, односно во периодот од 20 до 27 јануари, според моменталните изгледи и излези на Европскиот модел (ECMWF), ќе имаме многу постабилно време со натпросечно високи температури на воздухот, и тие ќе бидат повисоки од просечните за овој период од годината за 3 до 6 степени. Исто така, и врнежите ќе бидат потпросечни, иако во вторник и во среда, на 21 и на 22 јануари ќе имаме услови за локални послаби врнежи од дожд, додека на планините со надморска височина од над 1300, 1400 метри ќе има слаби врнежи од снег, пренесува Метеоаларм.

По котлините ќе се зголемат условите за појава на магла  и на ниска облачност, која ќе биде најгуста во ноќните и во утринските часови, па така во овие котлини ќе имаме  и пониски максимални дневни температури на воздухот.

И во Скопје и околината ќе имаме претежно стабилно време во периодот од 20 до 27 јануари, но во вторник и во среда ќе има услови за послаби локални врнежи од дожд, а на околните планини ќе има услови за провејување на снег. Ќе биде претежно тивко, а во пониските предели од котлината ќе се зголемат условите за појава на магла  и на ниска облачност, која ќе биде најгуста во ноќните  и во утринските часови.

Што се однесува до температурите, тие наутро исто така ќе бидат во пораст  и ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 5 степени, само во почетокот на следната седмица сеуште тие во делови од Македонија, односно особено во Беровскиот регион ќе се спуштаат под -5 степени, односно близу -10 степени.

Максималните дневни температури насекаде ќе бидат над нулата и ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени, но како што напоменав пониски дневни температури ќе има на местата со магла и со ниска облачност. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -4  и 3 степени, а преку денот таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 5  и 9 степени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни