Каква порака би истетовирале – патриотска, љубовна, или религиозна?

Екипата на „Внимание“ во најновата анкета ги праша граѓаните дали се љубители на тетоважи, и дали имаат тетоважи на себе. А еве што велат граѓаните: „Да, имам 12“, „Многу сакам тетоважи, имам некаде меѓу 15 и 20“, „На мене не, не се гледам со тетоважи“, „На машки род да, може, али на женско не“, „Тоа си е баш личен избор, традиција илјадници години стара“…

Сепак, повеќето граѓани не се толку љубители на ботокси и филери. Еве што ни кажаа граѓаните на прашањето „Каква порака би истетовирале – патриотска, религиозна или љубовна?“ – „Патриотска, обожавател сум на тигрови и лавови. Еден лав и одоздола Македонија“, „Некоја со мое значење, некоја духовна“, „Љубовна-религиозна, нешто чоечки, да речам“, „Философска, но не би ја кажала, затоа што друг ќе ми ја искористи идејата.“

Граѓаните дадоа проникливи одговори и на прашањата „На кое место не би се истетовирал/а никогаш?“, „Каде би ставиле ботокс или хируршка интервенција, на себе?“, и „Дали би се бакнала со маж кој има усни со ботокси?“.

На последното прашање, една граѓанка вели: „Да, бе, скроз. Зошто да не е ОК? Па, ако е за женски ОК, зошто да не би било и за машки?“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни