Каков карактер, таков пијалак

Сте помислиле ли некогаш дека пијалакот што го пиете можеби го покажува вашиот карактер? Погледнете како пијалакот го открива вашиот карактер и карактерот на луѓето околу вас.

Црвено вино
Вие сте личност која сака да се дружи, но преферирате да одите на забави каде ќе можете да зборувате со партнерот до вас. Избегнувате барови со премногу луѓе и хаотични домашни забави. Имате стил или барем сакате така другите да мислат за вас. Во виното уживате дури и ако го пиете од пластична чаша. Не сте претенциозни, но сонувате за денот кога ќе ги гледате луѓето од високо. Остроумност, организираност, професионалност и одличен стилски изглед се особини кои ве красат.

Пиво
Креативни сте и сакате да експериментирате. Имате многу идеи и не се разочарувате ако не се земат веднаш предвид. Уживате во џезот, уметноста и во медиумите. Најчесто сакате да одите во пабови. Се дружите со различни луѓе и малку сте ексцентрични во однесувањето.

Ликер
Обожавате домашни забави и најчесто сте веќе напиени пред да стигнете на забавата. Махери сте за опивање. Луѓето ве знаат, но никогаш не се сигурни за вашето име. Исто и вие. Не сте секогаш сигурни за имињата на луѓето кои се во вашето друштво. Добредојдени сте и пожелни на секоја забава. Вие сте од оние кои знаат добро да се забавуваат.

Бело вино/Вотка
Вие сте сестрана личност и пиете во зависност од вашето расположение. Имате претприемачки дух и сакате одговорни функции. Модата ви е важна и секогаш сакате да изгледате беспрекорно. Независни сте и сакате да оценувате. Џорџо Армани е еден од многуте кој ужива во овие пијалаци.

Блади Мери
Егзотични сте, а вотката ја обожавате. Имате хипи дух. Секогаш барате начин да го споите здравото со забавното.

Космополитен
Вие сте најголем фан на серијата „Сексот и градот“. Овој сладок коктел ве прави да се чувствувате најсофистицирано.

Текила
Кога пиете текила исто како да имате голем знак кој вели: „САКАМ ЗАБАВА!“ Вие сте диви, забавни, секси и сите очи се вперени во вас. Сакате долги, луди и незаборавни ноќи. Екстравертни сте и ослободени од секакви предрасуди.

Маргарита
Кога го пиете овој пијалак, единствено нешто за што размислувате се големи палми и песочни плажи. Сакате забави на плажа и сите коктели кои одат со неа.

Виски
Вие сте борец, но не во онаа лоша смисла на зборот. Едноставно, за секое прашање имате одговор. Темпераментни сте и избувливи. Луѓето не ве прашуваат што пиете, бидејќи и така ги гледаат проблемите на вашето лице.

Џин
Не го сакате алкохолот, па затоа џинот ви е безбедна опција. Жедни сте за удобност и безбедност. Ја прифаќате реалноста, се фокусирате кон домот, семејството и пријателите. Сакате среќен крај на филмовите, сапунски серии. Модата вешто ве одминува.

Рум
Се претпоставуваат две работи: или сте пират или сакате да се напиете од љубопитност.

Шампањ
Романтични сте и не се грижите за тоа што мислат другите околу вас. Сакате да флертувате и сигурни сте дека со чаша шампањ, тоа одлично ви оди.

Извор: vice.com

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни