Како жените со најминијатурни бикини на светот ја чуваат планетата

Мини бикините се моден тренд веќе со години, па според тоа и оваа сезона ќе бидат масовно присутни на плажите. Овие минијатурни модели на костими за капење се за најхрабрите девојки, а најчесто во нив ги гледаме познатите жени кои позираат.

Занимливо е тоа што во последно време се шират гласини дека жените кои практикуваат минијатурни бикини воедно ја чуваат планетата. А како?

Имено, бидејќи минијатурните бикини се изработени од многу малку текстил тие не се „виновни“ за концентрациите на стакленички гасови кои во енормни концентрации кои ги произведува текстилната индустрија. Според повеќе истражувања, модната индустрија е одговорна за околу 10 отсто од годишните емисии на јаглерод, што е повеќе од сите поморски и меѓународни авио линии, заедно.

Дополнително, се проценува дека до крајот на 2030 година за околу 50 проценти ќе бидат зголемени концентрациите на стакленички гасови како последица на модната индустрија.

Додека уживате на брегот и погледот ви лута во морската шир, а во меѓу време вниманието ви го крадат минијатурни бикини сетете се дека токму жените кои го избрале тој стил ја штитат и планетата.

Извор: zadovoljna.nova.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни