Како во филмот „Паразит“: Сопственик на куќа изнајмена преку AirBnB живее во тајна просторија

На Тик-Ток беше објавена приказна за човек кој изнајмил цела куќа преку платформата AirBnB, но бил шокиран откако за време на престојот го здогледал сопственикот.

Сопственикот излегол од тајна врата која била маскирана како полица за книги, а во рацете ги имал своите пантолони и крпа.

„Вие сте луѓето на кои им ја изнајмив куќата, така?“ вели сопственикот, кој се претставува како Ричард, а гостите го прашуваат колку долго бил тука.

Кога гостинот го прашува газдата каде му се пантолоните, тој вели дека сакал да се истушира, бидејќи мислел оти сите се излезени. Запрашан што бара тука, сопственикот одговара: „Јас живеам тука“.

Тогаш гостинот го потсетува сопственикот дека не треба да се шета во куќата доколку ја изнајми на некој друг, меѓутоа, Ричард вели дека тајната соба во која што живее не е во описот на изнајмената куќа.

„Ако добро се сеќавате, реков дека тоа е куќа со три спални соби, две соби за прием, кујна и бања. Тоа е она што го имате. Тоа е она што го изнајмувате”, рекол Ричард и открил дека изминатите денови ја користел и кујната

„Каде ти е облеката?“ прашува гостинот, а сопственикот одговара: „Во машината за перење. Ги ставив работите во машината за перење, се надевам дека нема да ви пречи“.

Видеото се вика „Никогаш повеќе нема да користам Airbnb“ и има над десет милиони прегледи. Во коментарите луѓето шпекулираа зошто сопственикот престојувал во скриената соба.

„Веројатно е во пензија и единствен начин да ја исплати хипотеката е да ја изнајми куќа, но нема каде да оди“, „Изгледа како добар човек. Жал ми е за него“, „Многу е добар“, Можеби не знае дека не смее“, „Ова е многу тажно, веројатно го прави затоа што не може да си дозволи да живее таму“, се дел од коментарите.

Најново

Последни колумни