Како учениците го доживуваат почетокот на учебната година?

По завршувањето на училишниот распуст, родителите треба да ги охрабрат децата да ги споделат своите искуства поврзани со истиот, позитивни и негативни за да се оствари отворена комуникација. Се препорачува и постепено враќање на училишната рутина за да им помогнете на децата да се прилагодат на распоредот и обврските, помош околу домашните задачи доколку е потребно и создавање погодна средина за учење, но сепак да се воспостави и квалитетно семејно време и воннаставни активности.

Родителите треба да имаат разбирање за сите предизвици или грижи кои децата може да ги имаат за враќање на училиште. Останете ангажирани во нивниот училишен живот, присуствувајте на родителски состаноци и покажете интерес за нивниот образовен напредок. Во склоп на решавање предизвици, негувајте независност и вештини за решавање проблеми и нудете насоки кога е потребно. Погрижете се да вашите деца спијат доволно, да се хранат добро и да одржуваат здрав начин на живот. На крај, прославете ги и малите достигнувања на своите деца. Секое дете е уникатно и затоа секој родител треба да го приспособи својот пристап на потребите и личноста на своето дете.

Бунтовни тинејџери се предизвик за секој родител. Во прилог, неколку совети за справување со истите:

  • Одржувајте отворена комуникација со нив како и комуникација без премногу критики и осудувања. Создадете еден безбеден простор каде што тие ќе можат да ги искажат своите чувства.
  • Разберете ги причините за нивното бунтовно однесување или пак бегање од часови. Тоа може да се должи на стрес, врснички булинг, академски потешкотии и сл.
  • Поставете јасни правила и последици за отсуството од часови. Погрижете се вашето дете да знае што се очекува од него.
  • Доколку проблемот продолжи или се влоши, побарајте помош од терапевт, училишен психолог кој може да обезбеди насоки и поддршка.
  • Потврдете го и наградете го позитивното однесување. Пофалете го вашиот тинејџер кога се труди да оди на училиште и ги следи правилата.
  • Внимавајте на нивното присуство и академски перформанси. Редовно контактирајте со наставниците и училишниот персонал за да бидете информирани.
  • Обезбедете емоционална поддршка и помогнете им да развијат стратегии за справување со стресот или притисокот од врсниците.
  • Охрабрете го вашето дете да се вклучи во позитивни воннаставни активности што го интересираат, што може да обезбеди чувство на цел и припадност.
  • Бидете пример и поставете добар пример покажувајќи одговорно и почитувано однесување.
  • Останете трпеливи и обидете се да разберете дека тинејџерскиот бунт е нормален дел од развојот и може да му треба време на вашето дете да го промени своето однесување.

Запомнете дека отсуството од часови и бунтовноста често се симптоми на одредени проблеми, а решавањето на тие основни проблеми е од клучно значење за да му помогнете на вашето дете да ги надмине овие предизвици.

Наставниците исто така треба да имаат во предвид дека враќањето на училиште кај децата може да е предизвик. Самата промена од одмор кон активен ден на училиште за сите е напорна иако индивидуално ја прифаќаат децата. Кај некои, транзицијата е лесна кај некои има потреба од поголем временски интервал на адаптирање на новата ситуација. Во секој случај наставникот треба да го приспособи својот начин на решавање на овој проблем согласно можноста на ученикот.

Да ја спомнеме и технологијата која во последните години рапидно напредуваше и го менуваше начинот како најефикасно да се постигне образовниот процес. Во последно време учениците се охрабрени со помош на технологијата сами да истражуваат одредени знаења кои ги прават со користење на мобилен телефон, а контрадикторно на тоа бараме додека се на училиште да не користат телефон. За да ова не претставува проблем, одговорните треба да постават јасни правила во образовниот процес кога и колку да може да се користо телефонот, а тоа да биде соодветно и фер за да можат и учениците да се почуствуваат дека нивните потреби се земени во предвид.

* Колумните се лични ставови на авторите.

Најново

Последни колумни