Обичаите и традициите коишто се практикуваат за Божиќ се различни во земјите ширум светот. Од фрлање чевли, пудинзи, криење метли и обожавање на козата. Некои држави негуваат навистина бизарни божиќни традиции. Некои од нив датираат стотици години, додека други се создадени пред само неколку децении.
Германија и Австрија – Крампус
Во австро-баварскиот фолклор, Крампус е страшниот пријател на Дедо Мраз, ѓаволско суштество кое ги казнува палавите деца за време на празничната сезона. Митскиот влакнест ѕвер со копита и големи рогови „се појавува“ секоја година на 5 декември во многу градови низ Германија и Австрија на фестивалот наречен ,,Крампуснахт”, често обележан со парада во која стотици луѓе се облекуваат како Крампус и се бркаат меѓу себе низ улици.
Каталонија – фигурина што врши нужда
Постојат неколку чудни каталонски традиции, но можеби најбизарната е онаа наречена „caga tio“ или „pee log“. Дванаесет дена пред Божиќ, се прави насмеано суштество од трупец и се става на трпезариската маса. Секојдневно треба да се храни со овошје, јаткасти плодови и слатки. На Бадник, трупецот го удираат со стапови за да ги „исфрли“ неговите добра. Друг каталонски обичај со слична конотација е таканаречениот каганер, мала фигура за нужда која традиционално се појавува во сцените на раѓањето. Во последниве години, каганеросите што се продаваат во продавниците и на божиќните пазари низ целиот регион добија форма на познати личности, од Доналд Трамп до фудбалери.
Венецуела – возење со ролери до црква
Во Каракас, главниот град на Венецуела, одењето на црковна миса добива радосен карактер. Имено, луѓето одат на миса со ролери, а патиштата се затворени за сообраќај, особено меѓу 16 декември и Бадник.
Јапонија – пржено пилешко
Божиќ не е национален празник во Јапонија, но тоа не ги спречува луѓето да го слават. Се вели дека Дедо Мраз има очи на задниот дел од главата. Многу Јапонци одат во синџирот за брза храна KFC на пржено пилешко за Божиќ. Инаку, неделата пред Божиќ е наводно најпрофитабилната недела за ланецот за брза храна во Јапонија.
Португалија – сеќавање на загинатите
Во Португалија, Божиќ е исто така време за сеќавање на мртвите, така што семејствата поставуваат дополнителни места на трпезариската маса на Бадник (или понекогаш божиќно утро) за починатите роднини. Оваа практика се нарекува конзода и се верува дека носи среќа на семејството.
Чешка – фрлање чевли
За време на Божиќ, Чехинките користат ,,паметен” трик за да го предвидат нивниот љубовен живот за следната година. Невенчаните жени стојат со грб кон влезната врата и ги фрлаат чевлите преку рамениците. Ако чевелот падне со палецот свртен кон вратата, тие веруваат дека ќе прават свадба во следните 12 месеци.
Норвешка – криење метли
Во Норвешка се смета дека Бадник се совпаѓа со доаѓањето на злите духови и вештерки. За да се заштитат, семејствата ги кријат сите свои метли и џогери пред спиење.
Украина – пајажина на дрвја
Украинските новогодишни елки традиционално се украсуваат со лажни пајакови мрежи. Обичајот, за кој се вели дека носи среќа, потекнува од древна приказна за сиромашна жена која не можела да си дозволи да го украси своето дрво. Таа се разбудила на божиќното утро и открила дека пајак го прекрил со светлечка мрежа.
Гренланд – кожа од кит за вечера
Ако мислите дека никулците се лоши, пробајте едно од гренландските божиќни задоволства. Матак – сурова кожа од кит со лој – е еден од нив. Друго задоволство е кивијакот, јадење што се состои од визон (мала птица) завиткано во кожа од фока, која се закопува неколку месеци, а потоа се јаде откако ќе се распадне.
Индија – манго дрвја
Во Индија само околу 2,3 отсто од населението се христијани, но тоа е околу 25 милиони луѓе. Божиќ се слави со полноќна миса и подароци, но во отсуство на новогодишни елки или борови, Индијците наместо тоа садат дрвца банана и манго.
Скандинавија – Божиќна коза
Тоа е традиционален скандинавски божиќен симбол и се веруваше дека е дух што ќе се појави пред празникот за да се увери дека прославите ќе поминат добро. Во подоцнежните векови, козата делеле подароци, но потоа била заменета со Дедо Мраз. Денес, малите кози направени од слама се популарни украси на дрвја низ Скандинавија.
Словачка – фрлање пудинг
Во Словачка како дел од божиќната вечера се негува интересна традиција. Најстариот член на семејството треба да го фрли пудингот (обично направен од млеко, леб, семе од афион и нешто слатко) на таванот. Количината којашто ќе се задржи укажува на среќата што секој треба да ја добие во следната година.