Стилот на Гибли потекнува од јапонското студио за анимација Студио Гибли, основано во 1985 година од Хајао Мијазаки и Исао Такахата. Студиото е познато по анимирани филмови како што се: Мојот сосед, Тоторо, Spirited Away (добитник на Оскар), Принцезата Мононоке, Подвижниот замок на Хаул.
Карактеристиките на стилот на Гибли се рачно нацртана естетика која изгледа нежно, топло и носталгично, како и богати природни сцени – пејзажи, шуми, ветер, светлина кои често имаат речиси духовен тон.
Ликовите се експресивни со големи очи, меки црти и силни емоции. Користените бои се пастелни нијанси, светла и сенки кои ја следат атмосферата.
Како настанува ефектот на Гибли?
За да направите фотографијата да изгледа како да е од филм на Гибли, обично поминувате низ неколку чекори:
- Изберете фотографија
Најдобри се портрети, пејсажи, сцени со емоции или приказна.
- Претворање во илустрација
Со помош на алатки за вештачка интелигенција (Chat GPT) или рачно преку дигитално цртање во програми како Photoshop, Procreate или Clip Studio Paint.
Како да ја претворите вашата фотографија во стил на Гибли со ChatGPT?

Испратете фотографија директно на разговорот, напишете што сакате – „Ghibli style, like from Totoro“ по што се случува магијата на вештачката интелигенција. Добивате илустрација слична на цртан филм.
Доколку сакате, можете да побарате промени (насмевка, формат, позадина…).