Јована Костадиновска, водителка:

Како мала мама ме викаше „чиста Дана“

Јована Костадиновска, ТВ водителка која својата професионална приказна ја пишува две децении. Како што самата знае да рече важи за вљубеничка во сцената и јавниот говор, а тоа и давало на знаење дека еден ден и професионално ќе се реализира на тоа поле. Инаку Костадиновска покрај тоа што е сопруга и мајка на Мила и Јоков таа е и дипломиран маркетинг менаџер. Сепак во моментов за македонската публика е позната како водителка на утринската програма „Македонија наутро“ на Македонската телевизија, каде што е и вработена. Евоцирајќи спомени вели дека е горда што имала среќа нејзиниот талент да го забележат врвни новинарски имиња и да и дадат можност. Почнува во Телма телевизија каде само си го го потврдила талентот особено на поле на ТВ водителството.

Недела наутро:
Недела е мојот омилен ден, го нарекувам денот за семејството, семејните обврски кои најчесто се мои 😊 Како мала мајка ми често знаеше да ме нарече: „Чиста Дана” 😀 мислам дека можам цел ден да чистам, прередувам и готвам, како „воспитана” домаќинка на евтина струја 😀 шегата настрана, вистина неделниот ден е таков и започнува со утринско кафе рано наутро.

Неделен ручек:
Резервиран секогаш за семејството и најблиските пријатели. Обожувам да готвам, ете тоа ме опушта и ме полни со енергија. Македонска традиционална кујна ми е фах, полнети пиперки, спанаќ тава, манџи во секаков облик придружени со многу салата… Накратко тоа е тајната на мојата тежина која е иста со години😀

Недела попладне:
Обично свирам на виолончело 😀 односно пеглам 😀 но доколку сум сама, ослободена од обврската, сакам со децата и сопругот да прошетам.

Неделно опуштање:
За мене секогаш избор ќе буде книгата. Сакам да биде некој роман или вистинити животни приказни раскажани во форма на роман. Уживам да ги читам во попладневните часови од денот.

Недела навечер:
Секогаш раздвижено и динамично дома, деца се бањаат, се подготвуваат за училишната недела… Имаме и нов семеен член, веќе неколку месеци, куче од расата шит цу кое се вика Лина. И таа си бара тертипи во недела 😀 со оглед на обврските во недела ми недостасува неделата да трае уште еден ден и да се вика „недела денот потоа” 😀

Недела во детството:
Се сеќавам на мирис на „дома” кој секогаш доаѓаше од кујната и навестуваше вкусен појадок 😊 веројатно урнекот кој ни се допаднал во детството го врежуваме во себе и се обидуваме да го продолжиме подоцна во животот кога ќе создадеме свое семејство.

Дали ти е сеедно што утре е понеделник?
Веројатно сум помеѓу ретките луѓе кои го сакаат понеделникот и стартот на нова работна недела. Како простор за реализирање на идеи, работна енергија и творечки процес во кој уживам. Сметам дека исполнет и среќен човек стануваш кога ќе се реализираш емотивно во рамките на домот, семејството и во работата. За работата ќе кажам дека е животна одлука, да ја сакаш и да ти прилега она што го работиш.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни