Како да се справите со влагата и мувлата во домот?

Дознајте како обичната кујнска сол може да го апсорбира вишокот влага и да спречи појава на мувла и непријатни мириси во вашиот дом. Практичен, природен и ефективен трик за зимските месеци.

Како што деновите стануваат постудени, а греењето работи целосно и во работни и во викенд денови, многу домови се соочуваат со неизбежен зимски проблем – кондензација на прозорците.

Топлиот воздух богат со влага кој циркулира во просториите постојано се судира со ладното стакло, создавајќи мали капки кои полека се лизгаат низ прозорските рамки.

На прв поглед изгледа како ситница, но долготрајната изложеност на таквата влага во домот може да доведе до појава на мувла, оштетување на рамките, па дури и непријатни мириси кои се задржуваат во ткаенините и ѕидовите.

Затоа, експертите за дом сè почесто препорачуваат природни методи, кои можат да бидат поефикасни од хемикалиите – а една од наједноставните се наоѓа во обичната кујнска сол.

Како солта помага во борбата против кондензацијата?

Експертот за дом и градина, Енди Елис од магазинoт Posh.co.uk, истакнува дека солта има извонредна способност да ја апсорбира влагата од воздухот. Овој ефект овозможува просторот околу прозорците природно да се исуши, што значително го намалува создавањето капки на стаклото. Солта функционира како мал, неприметен апарат за одвлажнување – без струја, без бучава и без трошоци.

Кога воздухот во просторијата доаѓа во контакт со ладната површина на прозорецот, влагата кондензира во ситни капки. Солта, благодарение на својството да апсорбира влагата, „влече“ дел од влагата од воздухот и го намалува количеството кое би се таложело на стаклото.

Овој едноставен трик може да биде изненадувачки моќен сојузник, особено во домови со слабо проветрување или каде што се готви и суши алишта во текот на студените денови.

Практична примена: Колку сол да ставите и кога да ја менувате

За да го искористите овој природен метод, доволно е да ставите обична кујнска сол во плитка чинија, тегла или мала сад и да ја поставите на прозорската даска, што поблиску до стаклото кое најчесто се замаглува.

Во зависност од големината на прозорецот и нивото на влага во домот, количината на солта може да варира, но за повеќето прозорци е доволна една помала чинија.

Кога солта ќе ја апсорбира влагата, ќе почне да ја менува структурата – ќе стане грутчеста, потемна и леплива. Тоа е јасен знак дека ја завршила својата работа и дека е време да ја замените.

Обично една чинија трае неколку дена, но во домови со поголема влага може да е потребна почеста замена. Со редовна замена на солта се одржува постојана сувост околу прозорците и значително се намалува ризикот од појава на мувла.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни