Како да се натерате да пиете доволно вода?

Хидратацијата е од големо значење за здравјето и треба да внимаваме колку вода пиеме дневно. Меѓутоа, многу често не пиеме доволно. Ова се неколку едноставни начини да пиете повеќе вода.
Фото: Freepik

Често повторуваната препорака да пиете осум чаши вода дневно можеби некому му звучи како многу, но всушност не е, и лесно можете да ја исполните вашата дневна квота.

Веднаш штом ќе се разбудите испијте чаша вода. Дехидрацијата доведува до замор на мозокот, па тоа веднаш ќе го поправите со чаша вода.

Испијте чаша вода пред појадок, ручек и вечера, бидејќи понекогаш гладта е всушност маска за жед. Така ќе спречите непотребно и прекумерно прејадување.

Еден час пред спиење испијте чаша вода. Тоа е доволно време да останете хидрирани цела ноќ, а поради тоа нема да морате да одите во тоалет среде ноќ.

Вашиот идеален внес на вода може да биде повеќе или помалку од литар и пол до два литри дневно, во зависност од голем број работи како што се нивото на вашата активност и составот на телото. Сосема е во ред да експериментирате со количината додека не откриете колку вода е најдобра за вас.

Купете шише вода и секогаш носете го со себе во автомобилот. Колку течност ќе пиете зависи и од тоа колку време поминувате во автомобилот, но ако случајно останете заглавени во сообраќајот, барем ќе си направите услуга – ќе бидете хидрирани.

Секогаш чувајте шише вода на видно место и пијте секогаш кога можете.

Лесно е да заборавите да пиете доволно вода кога сте преоптоварени со работни обврски и само размислувате за сè што треба да направите или завршите за време на работното време.

Чувајте шише вода на вашето биро за да ви биде секогаш на повидок, па да се сеќавате да го пиете. Многу е едноставно, само пијте по неколку голтки секој час.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни