Како да го сочувате лебот свеж?

Заборавете на фиоки и пластични кеси – со овој едноставен трик хлебот останува свеж со денови, без мувла и без сушење.

Повеќето луѓе го оставаат лебот на пултот во кујната, во фиока или во кутии за леб, и тоа – во пластична кеса.
Но токму тоа е рецепт за разочарување.Пластичната кеса ја задржува влагата, што предизвикува појава на мувла, додека затворените кутии го забрзуваат сушењето.
Резултат? Леб што веќе следниот ден изгледа како да стоел три дена во пустина.

Најдоброто решение – замрзнувачот

Звучи необично, но вистинската тајна за свеж леб е замрзнувачот.
Без разлика дали е домашен или купен, ако го ставите во замрзнувач веднаш штом се олади, ќе ја задржи свежината, текстурата и вкусот.

Како правилно да го замрзнете лебот?

  1. Исечете го лебот на парчиња – полесно ќе го користите подоцна.
  2. Завиткајте го во хартија за печење или платнена кеса.
  3. Потоа ставете го во zip кеса и ставете го во замрзнувач.

Со ова ќе го заштитите хлебот и од сушење и од влага.

Како да го одмрзнете – а да остане мек и мирисен

Брз метод: Извадете го замрзнатиот леб, завиткајте го во алуминиумска фолија и ставете го во загреана рерна неколку минути.

Бавен метод: Ако сакате свеж леб наутро, извадете го навечер и оставете го да се одмрзне преку ноќ на кујнска крпа. Наутро ќе биде како штотуку купен!

Совет за љубителите на домашен хлеб

Ако печете домашен леб без конзерванси, замрзнувањето е најдобар начин да ја зачувате свежината.
Само исечете го на парчиња пред да го ставите во замрзнувач – ќе ви биде полесно за користење.

Заборавете на пластични кеси, кутии и фиоки кои повеќе штетат отколку што помагаат. Вашето тајно оружје за секогаш свеж, мек и мирисен леб е – замрзнувачот. Еден едноставен потег – и секое парче ќе биде како штотуку испечено.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни