Како да го решите проблемот предизвикан од CrowdStrike и Мајкрософт на вашиот систем?

Софтверската комапнија CrowdStrike, чие ажурирање на антивирусниот софтвер предизвика технички проблеми ширум светот, објави ново ажурирање што треба да ги врати во ред системите.

„За вашите уреди да го примат ново ажурирање, ќе мора сами да го стартувате системот за промените да бидат ефикасни и да не се појавува повеќе Синиот екран на смртта“ велат од CrowdStrike.

Доколку имате проблем со добивањето на ова ажурирање, австралиската фирма за интернет безбедност Thales нуди алтернативно решение, пренесува ABC News.

„Доколку системот продолжува да паѓа и не може да остане на мрежа за да ги промени датотеките, следните чекори може да се користат за решавање на овој проблем:

  1. Стартувајте го Windows Safe Mode или Windows Recovery Environment
  2. Одете до C:\Windows\System32\drivers\CrowdStrike directory
  3. Пронајдете ја датотеката C-00000291*.sis и избришете ја
  4. Рестартирајте“

Извор: ABC News  

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни