Како да го одмрзнете ветробранско стакло на автомобилот во зима?

„Научете го единствениот безбеден начин за одмрзнување на автомобилот. Стручњаците предупредуваат дека топлата вода може да го оштети стаклото и бришачите.“

Со пристигнувањето на првиот студен бран оваа зима, милиони возачи се будат со истото утринско изненадување целосно замрзнато ветробранско стакло. Но, заедно со студените утра доаѓа и честата грешка која многумина ја прават: погрешно одмрзнување на автомобилот. И додека вода може да изгледа како најбрзо решение, експертите предупредуваат – можете сериозно да го оштетите возилото.

Од британската AA организација доаѓа јасна порака: избегнувајте топла или дури млака вода. Во своите упатства тие наведуваат:

„Стаклото брзо се шири кога ќе допре топла или жешка вода, а исто така брзо се собира кога повторно ќе се олади. Овој напон може да предизвика пукање на стаклото – дури и ако користите млака вода – особено ако веќе постојат ситни пукнатини.“

Освен опасноста од пукање, постои уште еден проблем: топлата вода може повторно да замрзне побрзо од студената, создавајќи дополнителен слој мраз на стаклото или на патот, што може да биде опасно и за вас и за другите. Водата која се пролие може да се собра на бришачите и да ги замрзне, а нивно вклучување во таква состојба може да го оштети моторот или гумата на бришачот.

Дури и студената вода не е безбедна: „Не би препорачале користење на студена вода, бидејќи таа исто така може да замрзне на ветробранското стакло и да предизвика штета“, додаваат од AA.

Како безбедно да го одмрзнете автомобилот?

Проверете ги бришачите – пред да го вклучите моторот, уверете се дека бришачите не се вклучени. Ако се залепени за стаклото, може сериозно да се оштетат.

Вклучете мотор и топол воздух – насочете го вентилаторот кон ветробранското стакло, потоа вклучете греење на задното стакло и на ретровизорите.

Користете клима уред – иако звучи нелогично, климата помага бидејќи ја намалува влажноста во кабината и спречува маглење.

Останете во автомобилот додека се загрева – додека стаклото се загрева одвнатре, мразот ќе почне да се топи.

Исчистете го снегот – користете мека четка за да го отстраните снегот од предната решетка и проверете дали предните светла се чисти.

Стругалка и одмрзнувач – стругање на мразот и прскање со одмрзнувач е најдобриот начин за брзо и сигурно отстранување на мразот од сите прозори.

Не тргнувајте додека сите стаклени површини не се чисти – ова не е само препорака, во многу земји е и законска обврска.

    AA ја сумираат постапката вака:

    „Вклучете греење и клима уред и користете соодветна четка или одмрзнувач за да го отстраните мразот додека чека автомобилот да се загрее.“

    е-Трн да боцка во твојот инбокс

    Последни колумни