Како да ги заштитиме очите доколку цел ден мора да седиме пред екран?

Ако седењето пред екран во поголемиот дел од денот ви е секојдневие, големи се шансите да имате проблеми со очите и видот, а најчестите поплаки кои може да се појават се главоболки, суви или црвени очи и заматен вид. Експертите предупредуваат дека ова е опасност која им се заканува на многумина во дигиталното општество и дека треба да работиме со совети на лекарите за да спречиме сериозни компликации.

Ејми Вотс, директорка на болницата за рехабилитација на видот во Масачусетс, наведува две причини зошто гледањето во екран предизвикува заматен вид. Една од нив е што трепкаме многу помалку пред екран отколку кога не се фокусираме на него.

„Нашите очни капаци се како бришачи на автомобил. Тие ја одржуваат површината на окото мазна и чиста. Кога не трепкаме доволно, тоа е како капките дожд да се акумулираат на шофершајбната, што ја отежнува видливоста“, истакнува докторот.

Друга причина, вели таа, е фактот што мускулите на очите се заморуваат по неколку часа „тренинг за фокусирање“ на фиксна точка.

„Сите мускули мора да работат совршено, да гледаат јасно. Тие се уморуваат како што поминува денот, особено ако погледот е фиксиран, што доведува до слабеење на јасниот вид“, објаснува Вотс.

Овие проблеми може да доведат до привремено заматен вид и низа други симптоми, предупредуваат експертите, вклучувајќи главоболки, како и црвенило, чешање, замор или општа непријатност во очите.

Како да избегнеме „дигитален напор“?

Правењето паузи во текот на денот е најважното нешто што го наведуваат експертите, кои најчесто сугерираат да се придржуваме до правилото 20/20/20, кое вели дека на секои 20 минути треба да гледаме најмалку 20 стапки (околу шест метри) во далечина, најмалку 20 секунди.

Сепак, неодамнешното истражување сугерира дека дури и овој метод можеби не е доволен за да се избегне „дигитално напрегање на очите“ и дека подолгите паузи – да речеме, пауза од пет минути секој час – може да ја подобрат состојбата.

„Генерално, советот е да правите паузи. Не фокусирајте се на компјутерскиот екран осум часа по ред. Паузите ви помагаат да го промените фокусот и да им дозволите на мускулите на очите малку да се одморат“, вели Вотс.

Таа додава дека капките за очи можат да помогнат и во борбата против сувоста што доаѓа од намаленото трепкање и најдобро се користат превентивно, наместо само да се третираат симптомите што се појавуваат.

„Ако имате заматен вид на крајот од денот, ставајте капки на секои неколку часа во текот на денот. Проверете ја осветленоста на екранот и дали е чист. Валканиот екран го отежнува фокусирањето на вашите очи, па тие побрзо се заморуваат“, истакнува Вотс.

Колку можат да помогнат заштитните очила?

Стивен Рид, претседател на Американското здружение за оптометрија, смета дека сè уште нема доволно истражувања за да се каже со сигурност дали заштитните очила навистина штитат.

„Најдоброто што можам да кажам е ‘не боли’, а некои објавени студии сугерираат дека заштитните очила не прават многу за да го ублажат напрегањето на очите“, вели Рид.

Даглас Визнер, шеф на одделот за катаракта и примарна нега на очите во очната клиника во Филаделфија, вели дека е важно да се ограничи времето пред спиење, бидејќи користењето уреди во текот на ноќта може да го попречи сонот.

Визнер вели дека не треба да се грижиме премногу, бидејќи заморот на очите не е знак за поголем проблем или оштетување, туку разбирлив несакан ефект од користењето на нашите очи на начин што не е во согласност со тоа како тие се наменети да работат.

„Редовното, постојаното или сериозно напрегање на очите може да биде знак за посериозен проблем со видот“, вели Рид, додека Виснер истакнува дека треба да проверите дали симптомите се вознемирувачки или се ублажуваат со едноставни решенија како паузи и користење капки за очи.

Кога децата се жалат на симптоми како што се заматен вид и непријатност во очите по употреба на таблети, сфатете ги сериозно, советува Рид. Тој додава дека некои студии сугерираат дека употребата на екран може да придонесе за кратковидост кај децата чии очи сè уште се развиваат, па затоа е важно сите симптоми да ги провери лекар.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни