Жолтите дамки во WC школката можат да изгледаат нехигиенски, но експертите за чистење тврдат дека може лесно да се отстранат со само два состојки од кујната: бел оцет и сода бикарбона.
Во повеќето случаи, дамките се резултат на минерали во водата или на остатоци од средства за чистење кои реагирале со воздухот, а не на нечистотија. Колку подолго останат, толку е потешко да се отстранат, а можат да создадат бактерии и непријатни мириси.
Што ви е потребно:
- 1 чаша бел оцет
- 2 до 3 лажици сода бикарбона
Постапка:
- Истурете околу една чаша бел оцет директно во WC школката. Обидете се оцетот да ги покрие сите дамки и рабовите.
- Додадете 2 до 3 лажици сода бикарбона. Смесата ќе почне да пенуши, а тоа помага да се подигнат наслагите и дамките.
- Оставете да делува најмалку 10 минути, а кај стари дамки и до 1 час. Подолго време = подобар ефект.
- Исчистете ја школката со четка, посебно околу рабовите, нивото на водата и дното каде најчесто се собираат дамките.
- Исплакнете со вода.
За упорни дамки, повторете го процесот или оставете оцет да делува преку ноќ. Редовна неделна примена на овој метод помага да се спречи повторно појавување на жолтите дамки и WC школката да остане блескаво чиста.
