Во сабота, 26 април, светот ќе се збогува од папата Франциско, кој почина во 89. година. Неговото тело ќе биде изложено во базиликата Свети Петар, додека самиот погреб, согласно неговата лична желба, ќе се одржи во базиликата Света Марија Велика – симболично и ванватиканско место, кое носи силна порака за едноставност и близост со народот.
За разлика од раскошните папски погреби кои низ вековите потсетувале на погребни церемонии на кралеви и цареви, последната желба на Франциско беше сосема различна: едноставен дрвен ковчег, без злато, без помпа, без повеќеслојни обреди. Скромноста која ја живеел, ја пренел и во смрт.
Папата беше син на италијански мигранти од областа Пијемонт, одраснал во Буенос Аирес, во непосредна близина на заедниците кои, биле составени и од усташки бегалци по Втората светска војна. Одгледувањето во таква средина, го обликувало Францисковиот специфичен однос кон човековите права и политичките конфликти.
„Уште како надбискуп на Буенос Аирес, тој криел луѓе кои ги прогонувала воената хунта. На еден неистомисленик кој личел на него, му дал лична карта за да побегне во Бразил. Тој човек почина минатата година, а за него беше распишана потрага. Тоа беше Папа Франциско – човек кој живеел она што го проповедал“.
Во својот папат, Франциско остана доследен идејата дека Папата не е монарх, туку пастир. Неговите реформи беа длабоко симболични – од укинување на луксузни протоколи, преку реорганизација на Ватиканската банка, до јавни средби со жртви на злоупотреби.
„Водел грижа за сиромашните, мигрантите, болните. Затворал спорни банкарски сметки. Осудил злоставувачи и фактички ги исклучил од Црквата – што било преседан. Не се либел да влегува во конфликти со моќниците. Каде и да биле војни – Блискиот Исток, Украина, Мијанмар – Папа Франциско гласно и јасно зборувал против тоа“.
Својата скромност особено ја изразил во начинот на кој ја замислил својата сопствена погребна церемонија.
„Се повикал на зборовите на Марадоа, кој кога влегол во Ватикан рекол: ‘Ние сме сиромашни, молиме се на Бога, а вие во злато’. И тогаш одлучил да го промени тоа. Да покаже кој всушност е Папата – не крал, туку слуга“.
Погребот на Папа Франциско ќе биде организиран согласно декретот што сам го донел. Нема да има три ковчези, како што налага традицијата, туку еден – обичен дрвен, поцинкован. Церемонијата ќе започне во сабота во 10 часот, во базиликата Света Марија Велика. Неговите лични работи ќе бидат поделени на сиромашните.
„Девет дена жалост ќе бидат испочитувани, бидејќи тоа е дел од традицијата, но без раскошни процесии и луксузни изводници“.
По завршувањето на жалоста, Католичката црква влегува во нова фаза: избор на наследник. Конклава ќе трае, според очекувањата, помеѓу три и пет дена, значително пократко отколку во историјата.