Каде е врховниот лидер на Иран? Мистеријата што ги збунува разузнавачките служби

Нејасната улога и местоположба на Мојтаба Хамнеи отвораат прашања за тоа кој навистина управува со Иран во екот на војната.

Американската CIA, израелскиот Mossad и други разузнавачки служби внимателно следеле дали новиот врховен лидер на Иран, Мојтаба Хамнеи, ќе упати традиционално новогодишно обраќање за време на празникот Nowruz, како што тоа претходно го правел неговиот татко.

Сепак, тоа не се случило.

Наместо видео-порака, Мојтаба објавил само писмена порака на Telegram, што дополнително ги засили сомнежите за неговата здравствена состојба, локацијата и вистинската улога во управувањето со Иран во текот на војната.

Според извештај на Axios, и САД и Израел располагаат со разузнавачки информации дека Мојтаба е жив. Како доказ се наведуваат обидите на ирански функционери да организираат средби лице в лице со него, кои наводно пропаднале поради безбедносни причини.

Сепак, американските и израелските извори признаваат дека сè уште немаат јасен доказ дека токму тој ги издава клучните наредби во Техеран. Еден израелски функционер изјавил дека нема потврда дека Мојтаба ја презел контролата, додека американски извор ја опишал ситуацијата како „многу чудна“.

Мојтаба Хамнеи беше прогласен за врховен лидер на 9 март, откако доби поддршка од тврдолинијашките кругови во земјата. Неколку дена подоцна објави само кратко писмено соопштение, што отвори дополнителни прашања – особено по извештаите дека бил тешко ранет во израелски напад во кој загинал неговиот татко.

Во меѓувреме, американските и израелските служби проценувале дека вистинскиот центар на моќта бил Али Лариџани, сè додека и тој не бил убиен минатата недела. Со тоа, според израелски извори, дополнително се продлабочил вакуумот на власт.

Според проценките изнесени зад затворени врати во Вашингтон, иранскиот режим се соочува со сериозна криза во командувањето и контролата, но засега нема знаци за непосреден колапс. Дел од овој вакуум, велат израелски извори, го пополнува Исламска револуционерна гарда, која поради силното влијание врз економијата, политиката и безбедносниот апарат, практично управува со државата.

Некои аналитичари предупредуваат дека елиминацијата на старата гарда може да отвори простор за уште порадикални и идеолошки поцврсти фигури, што дополнително би ја усложнило ситуацијата во Иран и поширокиот регион.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни