Јужнокорејци создадоа Wi-Fi што продира 100 метри под земја

Јужнокорејски истражувачи развија нова подземна Wi-Fi технологија со магнетна индукција која овозможува комуникација до 100 метри под земја.

Јужнокорејски истражувачи од Институтот за истражување на електроника и телекомуникации (ETRI) развија нова подземна технологија за безжично вмрежување која може да продира до 100 метри под површината на Земјата.

Според објавата во списанието IEEE Xplore, технологијата користи магнетна индукција за јасна комуникација со уредите под земја, избегнувајќи слабеење и деградација на сигналот што се јавува со традиционалните радиофреквенции.

Опремата се состои од мала кружна антена за предавање и сензор за прием на магнетно поле, поврзани со безжичен систем кој користи квадратурна модулација на фазно поместување за пренос на податоци со брзина од 2 Kb/s. Тестовите беа спроведени во варовничка средина која обично ја блокира радиосигнализа.

Идејата за оваа технологија започна во 2023 година со метод управуван од напон, а подоцна беше подобрена со метод управуван од струја што користи магнетна индукција за пренос на сигнали со ниски радиофреквенции. Со ова, опсегот на комуникација беше зголемен од 40 на 100 метри.

За разлика од постоечките системи за комуникација преку земја кои се потпираат на висока моќност на пренос, новата технологија овозможува помали уреди со помала потрошувачка на енергија и поширока примена. ETRI веќе размислува за нејзино вградување во паметни телефони, што би можело да отвори нови можности за подземна комуникација.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни