ЈСП демантира: Бесплатниот студентски превоз важи за сите редовни студенти со уредна документација

Јавното сообраќајно претпријатие вели дека бесплатниот превоз важи за сите редовни студенти со запишан семестар и уредна документација и најавува дигитализација на постапката

Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје реагира на, како што наведуваат, неточни информации што изминативе денови се појавуваат во јавноста, а се однесуваат на продолжувањето и користењето на студентските билети за бесплатен јавен превоз. Од ЈСП посочуваат дека правото на бесплатен превоз е јасно утврдено со важечка одлука и важи за сите редовни студенти кои ги исполнуваат пропишаните услови.

Во продолжение, ви го пренесуваме демантот во целост:

ДЕМАНТ

Во однос на информациите кои последниве денови се појавуваат, а поврзано со продолжување на студентските билети, Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје ја информира јавноста дека согласно Одлуката за интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во Град Скопје од 12.01.2016 година, право на користење на бесплатен превоз за редовните студенти во акредитирани установи за високо образование во Град Скопје имаат сите редовни студенти со запишан соодветен летен или зимски семестар.

Правото на користење на бесплатен превоз се остварува со потврда за редовен студент издадена од соодветниот факултет, индекс на увид и документ за идентификација.

Оваа мерка се однесува на прв циклус студии, додипломски и интегрирани студии.

Сите студенти кои не го оствариле ова право, истото не го оствариле поради недостаток на соодветна документација или неисполнување на горенаведените услови.

Ве информираме дека ЈСП Скопје во моментов работи на унапредување и дигитализација на овој процес, со што во иднина значително ќе се поедностави процедурата за остварување на правото за бесплатен јавен превоз за студентите.

Редакцијата на Трн на 07 Февруари објави текст во кој беше обработено прашањето за бесплатниот јавен превоз за младите и студентите, како и реакциите од дел од студентите кои пријавуваа проблеми со продолжувањето на билетите.

Според информации од инстаграм платформата Студентарија, за кои пишуваше Трн, ЈСП Скопје одбива да им ги продолжи билетите за бесплатен јавен превоз на дел од редовните студенти, што уште повеќе го нагласува проблемот. Станува збор за студенти на додипломски студии кои формално имаат активен статус, но им останале само еден или два предмета или одбраната на нивниот дипломскиот труд.

За нив, ЈСП не одобрува продолжување на годишниот билет, под образложение дека „немаат доволно запишани предмети“, иако таков услов не е јавно објавен во критериуми или правилници на ЈСП, Град Скопје или друго надлежно тело

Целиот текст можете да го прочитате тука.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни