Професорот Јовановиќ од Белград: Вучиќ влезе во фаза на отворена репресија

Српскиот правник и професор предупредува дека режимот го исцрпил медиумскиот спин и сега се потпира на сила, додека граѓаните сè повеќе ги бранат правата на улица.

Миодраг Јовановиќ, редовен професор на Правниот факултет во Белград, вели дека режимот на Александар Вучиќ преминал од медиумска индоктринација кон отворена репресија. Во новото интервју за Трн, предупредува дека таа репресија ќе се засилува, а малите слободни медиуми во Србија ќе бидат нејзина прва мета.

Од спин до репресија: режимот го смени алатот

Јовановиќ вели дека минималниот заеднички именител на сите актери кои му се спротивставуваат на Вучиќ, без разлика на нивната разновидност, е барањето за правна држава и еднаквост пред законот.

“Држава на владеење на правото во која сите, вклучително и оние што ја вршат власта, се обврзани од Уставот и законот”, вели професорот.

Според него, режимот долго се потпирал на медиумски спин и индоктринација. Но тоа веќе не е доволно. “Сега влезе во фаза на отворена репресија. И верувам дека оваа репресија ќе биде посилна и посилна”, предупредува Јовановиќ.

Малите слободни медиуми се следната мета

Професорот директно ги поврзува засилувањето на репресијата со гушењето на независното новинарство. Според него, двете се случуваат истовремено и не е случајно.

“Оваа репресија ќе оди рака под рака со овој, се чини, многу успешен обид да се задушат овие мали слободни медиуми што постојат во Србија”, вели тој.

Кога институциите не функционираат, улицата станува единственото место

Јовановиќ не крие дека состојбата ја смета за загрижувачка, но ја прифаќа како реалност со која граѓаните мора да се соочат.

“Граѓаните на Србија, постепено, всушност мора да се соочат сè повеќе и повеќе со фактот дека, сакале или не, нивните основни права ќе мора да се бранат на улиците”, вели тој, додавајќи дека тоа е жално, но неизбежно кога институционалните канали се затворени или недоволни.

“Улицата е местото каде што треба да се брани достоинството и слободата”, заклучува професорот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни