Јана Стојановска во РеТрн: Гласот што ги спојува театарот,филмот и музиката

Јана Стојановска – драмски и филмски актер, член на Драмски театар Скопје.
На публиката ѝ е добро позната по улогите во серијата „Сенки на Балканот“, како и по бројни други македонски и интернационални филмски и театарски проекти.

Но Јана не е само актерка.

Таа е и фронтмен на бендот „Skopje Via“, заедно со Мишел – креатори на еден автентичен gypsy звук, бенд кој постои помалку од една година, а веќе остава силна трага на музичката сцена.
Љубовта кон ромската музика кај Јана не е тренд – таа живее со неа повеќе од 20 години, како најверен фан, слушател и интерпретатор.

Јана е една од најшармантните и најпрепознатливи актерки кај нас.
На млади години се занимавала и со моделинг, а своевремено била и претставник на Македонија на „Miss World“.

Денес –одлична актерка, непреценлив вокал и уметница која со леснотија ги спојува театарот, филмот и музиката во едно.

Во фокусот е и најновата, возбудлива соработка – „Skopje Via“ и Раде Шербеџија, во преработка на легендарната песна „Kad umre ljubav“, која премиерно ќе биде изведена на 23 јануари, во Филхармонија, на концертот на Раде Шербеџија.

Јана Стојановска во РеТрн – разговор за уметноста, сцената, ромската музика, новите почетоци и гласот што доаѓа од срце

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни