Андреј Антов, началник на ИПО Јадран, во своето интервју истакнува дека извидништвото има значително влијание врз личниот развој на секој учесник: „Да, искрено се чувствувам многу посигурно, многу посозреано. Имам стекнато многу вештини кои, ако не бев извидник, немаше да ги стекнам.“ Антов посочува дека не само што вештините стекнати преку извидничките активности ги прават извидниците подобри луѓе, туку и ја развиваат нивната свест за природата и опкружувањето.
Еден од основните принципи на извидништвото е животот според извидничките закони, кои опфаќаат добри другарски односи, чесност, оптимизам и учење. Како што нагласува Антов, извидништвото ги учи младите да се посветени на своите зборови и дела и постојано да ги применуваат своите знаења во пракса.
Неделковски објаснува дека преку различните активности како бивакување, топографија и снаоѓање на карта во природа, младите се поттикнуваат на тимска работа, што создава чувство на солидарност и соработка. “Сам не можеш да си помогнеш, мора сите да работат како едно,” додава тој, нагласувајќи ја важноста на колективниот дух во извидништвото.
Извидништвото не само што им помага на младите да ги развијат своите практични вештини, туку и ги подготвува за животот, учејќи ги на важноста на тимската работа, другарството и почитувањето на природата.