Извештајот, изработен од проектот „Дина“, група израелски правни и родови експерти, се базира на сведоштва на преживеаните од масакрот и заложништвото, како и на резултатите од прегледите на загинатите.
Истражувањето открива обрасци во начинот на кој било извршено сексуалното насилство: жртвите биле пронајдени делумно или целосно соблечени со врзани раце за дрвја или столбови. Исто така, постојат докази за групно силување проследено со егзекуција, генитално осакатување и јавно понижување, се вели во извештајот.
Извештајот на Асоцијацијата на центри за помош на жртви на силување во Израел (ARCCI) од пред речиси година и половина веќе ја опфати големината на сексуалното насилство за време на масакрот.

Во извештајот на „Дина“ сега наведува дека сексуалното насилство продолжило и по 7 октомври со заложниците во Појасот Газа. Хамас постојано ги негираше извештаите за систематско сексуално насилство.
Ослободените жени заложници пријавиле сексуални напади, физичко и вербално сексуално вознемирување, присилна голотија и закани за присилни бракови.
Петнаесет поранешни заложници му ги раскажале своите искуства на тимот на проектот „Дина“ додека биле држени како заложници.
Илана Грицевски, која беше ослободена по 55 дена заробеништво, на презентацијата на извештајот изјави: „Се сеќавам на раце кои не беа мои, како ме допираат. Се сеќавам на врескање, потоа мрак“.
„Кога се разбудив, бев полугола, опкружена со терористи. Ме тепаа. Ме допираа. Не знаев што се случи со моето тело во тие изгубени минути, но мојата душа веќе знаеше: ништо никогаш нема да биде исто“, рече таа.