Нетанјаху, исто така, истакна дека израелската армија (ИДФ) нападнала десетици цели низ целиот Појас Газа и дека елиминирала „многу терористи, вклучувајќи и некои команданти“.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека израелските сили фрлиле 153 тони бомби врз Газа затоа што Хамас го прекршил договорот за примирје.
„Во неделата видовме јасно кршење на договорот за примирје. За жал, двајца израелски војници беа убиени за време на примирјето. Хамас веднаш ја почувствува нашата моќ – ги нападнавме со 153 тони бомби“, рече Нетанјаху.
Тој додаде дека израелската армија (ИДФ) нападнала десетици цели низ Појасот Газа и елиминирала „многу терористи, вклучувајќи и некои команданти“.
„Од самиот почеток, јасно ставив до знаење дека примирјето не е дозвола Хамас да нè нападне. Се согласивме со Доналд Трамп, претседателот на САД, дека армијата и владата на Хамас мора да бидат уништени“, рече Нетанјаху.