Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека започнале нов бран напади врз инфраструктурата на иранскиот режим во западен Иран.
„Пред извесно време ИДФ започна бран напади од широки размери насочени кон инфраструктурата на иранскиот терористички режим во западен Иран“, се наведува во соопштението на израелската војска.
Ракетни напади врз Израел
Израелските власти претходно известија за неколку ракетни напади од Иран врз Израел во текот на ноќта и утринските часови.
Од 28 февруари, кога САД и Израел започнаа голема офанзива против Иран, израелската армија соопштува дека уништила повеќе ракетни лансери и друга воена инфраструктура во западниот дел на земјата.
Судирите меѓу двете страни продолжуваат да ја зголемуваат тензијата на Блискиот Исток и стравувањата од поширок регионален конфликт.