Израел го нападна Иран, прогласена вонредна состојба

Во Израел низ повеќе градови се слушаат сирени за воздушна опасност, а властите ги повикаа граѓаните строго да ги следат упатствата на Командата за домашен фронт и да останат во засолништа

Израел започна, како што го нарече, „превентивен напад“ врз Иран соопшти израелскиот министер за одбрана Кац

Кац изјави дека операцијата има цел „елиминирање на непосредните закани“ за Израел по што прогласи „посебна и постојана вонредна состојба“ на територијата на целата земја.

Експлозии во Техеран

Иранските медиуми јавуваат дека во центарот на Техеран се слушнале најмалку три силни експлозии. Според агенцијата Фарс, повеќе проектили погодиле делови од главниот град, што укажува дека израелските напади веќе се во тек.

Се очекува одмазднички удар

Во Израел низ повеќе градови се слушаат сирени за воздушна опасност, а властите ги повикаа граѓаните строго да ги следат упатствата на Командата за домашен фронт и да останат во засолништа.

Израелските безбедносни служби проценуваат дека во многу краток рок може да следи масовен одмазднички напад од страна на Иран, кој би можел да вклучува ројеви дронови и балистички ракети.

Ситуацијата брзо ескалира, а меѓународната заедница внимателно го следи развојот на настаните, стравувајќи од поширок регионален конфликт на Блискиот Исток.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни