„Кој и да го наследи Хамнеи ќе биде ликвидиран“: Израел испрати нова закана до Иран

Израелскиот министер за одбрана порача дека секој иден врховен лидер на Иран ќе биде „мета за елиминација“

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека секој кого Иран ќе го избере за нов врховен лидер ќе биде цел за ликвидација, доколку продолжи со, како што рече, плановите за уништување на Израел.

Во објава на социјалната мрежа Икс, Кац порача дека Израел нема да дозволи иранското раководство да продолжи со заканите кон Израел, САД и земјите во регионот.

„Секој лидер назначен од иранскиот терористички режим да го продолжи планот за уништување на Израел, да се заканува на САД и на слободниот свет и да го угнетува иранскиот народ – ќе биде мета за елиминација“, напиша Кац.

Изјавата доаѓа во момент на ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран.

Според израелските власти, израелските сили вчера погодиле зграда поврзана со Собранието на експерти на Иран, телото кое е задолжено да го избере новиот врховен лидер на земјата.

Тензиите дополнително се зголемија по нападот во кој, според израелски извори, бил убиен 86-годишниот ајатолах Али Хамнеи, што означи почеток на нова фаза од воената операција против Иран.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни