Израел нема намера да ја запре војната: „Акцијата против Иран ќе трае колку што е потребно“

Израелската амбасадорка порача дека операцијата ќе продолжи сè додека не се отстрани заканата од Техеран

Израел ќе продолжи со воената операција против Иран колку што е потребно, изјави амбасадорката на Израел во Белград, Авивит Бар-Илан, во интервју за весникот „Политика“.

Таа нагласи дека операцијата што ја спроведуваат Израел и САД има цел да ги елиминира, како што рече, „егзистенцијалните закани“ за Израел и да спречи Иран да поседува нуклеарно оружје.

„Нема да дозволиме режим кој со децении извикува ‘Смрт за Израел’ и ‘Смрт за Америка’, кој пролева израелска и американска крв и го угнетува сопствениот народ, да има нуклеарно оружје и да му се заканува на светот“, изјави Бар-Илан.

„Силна координација со САД“

Според неа, Израел и САД дејствуваат како два силни сојузници кои се соочуваат со заедничка закана, при што операцијата се спроведува во тесна координација меѓу двете земји.

Бар-Илан му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за, како што рече, „историското лидерство“ во моментот на ескалација на конфликтот.

Техеран бил изненаден од нападот

Израелската амбасадорка тврди дека иранското раководство било затечено од нападот на Израел и САД.

Според неа, израелските пилоти за кратко време успеале да елиминираат дел од врвот на политичкото и военото раководство на Иран.

Таа додаде дека актуелните ирански напади врз соседните земји се, како што рече, „панична реакција“ на преостанатото раководство во Техеран.

„Европа не е имуна“

Бар-Илан предупреди и дека Европа не е имуна на заканата, наведувајќи дека Иран располага со балистички ракети со долг дострел кои можат да достигнат европска територија.

Според неа, целта на воената операција е да се создадат услови иранскиот народ сам да ја преземе контролата врз сопствената иднина, што би можело да доведе до нови мировни договори во регионот и поинаква политичка динамика на Блискиот Исток.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни